Биле во брак 53 години, а потоа и двајцата починале од коронавирус, држејќи се за раце (ВИДЕО)

Фото? Screenshot/YouTube

Бети и Кертис Тапли биле заедно поголем дел од животот. По 53 години брачен живот, тие двајцата починаа од последиците на коронавирусот во период од еден час во болница во Тексас.

Бети и Кертис оделе во исто средно училиште во Илиноис, се запознале и се вљубиле во Калифорнија, се венчале и добиле две деца.

Бети е примена во болнциа на 9 јуни, а Кертис 2 дена подоцна. Биле позитивни на коронавирус. Нивниот син Тим (52) рекол дека неговиот татко добро се опоравувал, а состојбата на мајката се влошувала.

Бети го повикала него и сестрата и им рекла дека е подготвена за „заминување“. Тим тоа никако не можел да го прифати.

„Налутен вреснав кога така ми кажа. Размислував за тоа дека имам уште многу нешта да и покажам и дека не може да оди“, раскажа Тим.

Тој го известил таткото за состојбата на неговата мајка и му рекол колку таа го сака. Набрзо откако го слушнал тоа, на Кертис нивото на кислород почнало нагло да му опаѓа,

„Мислам дека таткото се бореше најмногу поради мама, а кога дозна дека и таа не е добро, тогаш се помири со тоа и тој да се откаже“, рече ожалостениот син.

„Мислам дека беше правилно тоа што ги споивме во иста соба“, рече Блејк Трон, болничар кој се грижел за Кертис.

Било тешко, но успеале да ја преместат Бети на исто одделение каде што бил и Кертис.

Кога друга медицинска сестра му рекла на Кертис дека Бети е тука, тој се обидел да ја погледне, иако бил многу слаб.

Очите му се отворија, а веѓите му се подигнаа. Разбра што му кажавме. Знаеше дека таа е таму, раскажа Трон кој потоа раката на Бети ја ставил во раката на Кетрис.

„Искрено мислам дека беа толку исцрпени што единствено можеа да разговараат со душа или со некој, посебен, неизречлив јазик. Очигледно доволно добро се познаваа па можеа да комуницираат без да си кажат збор“, раскажа Трон.

Бети починала по околу 20 минути, а Кертис околу 45 подоцна, рече Трон, а пренесува Си Ен Ен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот