Бил Клинтон го помножи со нула Еди Рама - Слободен печат
ВестиРегион

Бил Клинтон го помножи со нула Еди Рама

Откако претседателот Клинтон го заврши својот говор, тој им ја испружи раката на Кадри Весели, кој беше до Еди Рама, на Илир Мета, Хашим Тачи и Рамуш Харадинај.

На одбележувањето на 20 годишнината од влегувањето на силите на НАТО во Косово, плоштадот во Приштина беше преполн со луѓе, јавува Газета експрес. На церемонијата присуствуваа и лидерите од соседна Албанија.

„Еден до друг седеа премиерот Еди Рама и претседателот на Албанија Илир Мета. Кога поранешниот американски претседател Бил Клинтон го заврши својот говор, тој отиде до местото каде сите го чекаа станати на нозе, меѓу кои и Рама и Мета. Но, тоа што е забележливо беше тоталното игнорирање што поранешниот американски претседател му го направи на Еди Рама, не давајќи му ја раката по неговиот говор“, пишува Експрес.

Откако претседателот Клинтон го заврши својот говор, тој им ја испружи раката на Кадри Весели, кој беше до Еди Рама, на Илир Мета, Хашим Тачи и Рамуш Харадинај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close