Без вода дел од корисниците од Бардовци, Кисела Вода и Водно

Прекин на водоснабдувањето денеска ќе имаат дел од корисниците од населба Бардовци, Кисела Вода и населба Водно.

Од 9.30 часот, поради дефект на приклучна цевка на улица 6/10 во населба Бардовци, без вода ќе бидат корисниците од истата улица.

Поради дефект на приклучна цевка ф-1 на улица „Христо Татарчев” 22а/4, без вода од 09:40 часот ќе бидат корисниците од истата улица, односно крак 22а, во Кисела Вода.

Прекин на водоснабдувањето од 09:40 ќе имаат и корисниците од улица „Периша Савелиќ” бб, во населбата Водно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот