Без струја во понеделник делови од Сарај, Ѓорче Петров и Кисела Вода

Без струја
Струја / Фото: МИА

Без електрична енергија во понеделник (4 октомври) ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Ѓорче Петров и Кисела Вода, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 9.00 до 14.00 часот, без струја ќе бидат корисниците на дел од село Кондово кај џамијата и гробиштата во општина Сарај, од 9.00 до 13.00 часот корисниците на дел од село Орман и село Никиштане во општина Ѓорче Петров, како и корисниците од дел од ул. „Христо Татарчев” број 14 во општина Кисела Вода.

Од РЦУК Скопје информираат дека во периодот од 8.00 до 12.00 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од село Шишево во општина Сарај, а од 9.00 до 14.30 часот, корисниците на дел од Стопански Двор во околина на „Галафарм“ во општина Ѓорче Петров.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот