Без струја утре повеќе делови од Скопје

струја

Без електрична енергија утре во периодот од 08:15 до 10:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Атанас Бабата”, „Самарџиска”, „Кујунџиска”, „Ковачка” и „Јосиф Михајлов”, како и објектите на Музеј на Македонија и Куршумли Ан, во општина Чаир.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, во периодот од 08:30 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улица „Тодор Чангов” – подулици од бр.35 до бр.45, како и подулиците во близина на подулица 100, во општина Аеродром.

Без струја во периодот од 08:45 до 10:30 часот, ќе бидат корисниците од улиците „Трајко Иванов”, „Добромир Хрс” од бр.23 до бр.39, „Петар Драпшин” – на потегот од „Трајко Иванов” до „Спиро Гулапчев”, „Лазар Димитров” од бр.21 до бр.31, „Лав Толстој”, „Ефтим Спространов” од бр.27 до бр.50, објектите во трговскиот центар и урбаната заедница на улица „Петар Драпшин”, во општина Кисела Вода.

Во периодот од 11:30 до 15:30 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Битолска”, како и објектите лоцирани во близина на Веро Џамбо, во општина Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот