Без струја утре делови од општините Студеничани, Сарај, Центар, Кисела Вода, Аеродром и Зелениково

струја

Без напојување со електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците од општините Студеничани, Сарај, Центар, Кисела Вода, Аеродром и Зелениково.

Прекинот во напојувањето со електрична енергија е поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, информираат од РЦУК-Скопје по известување од „ЕВН Македонија” АД.

Без струја од 13:30 до 14:30 часот ќе бидат корисниците од селата Студеничани и Морани во општината Студеничани, од 9 до 15 часот корисниците од село Глумово, ПС во село Глумово, Адриус, дел од село Сарај, селата Шишево и Матка и фирмата Бис-Оил во општината Сарај и корисниците од улиците „Ацо Караманов”, „Периша Савелиќ”, „Питу Гули” и „Партение Зографски” во општината Центар.

Од 11 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Сердарот” и „Иван Хаџиниколов”, подулица 1 во општината Кисела Вода, од 10 до 13 часот, корисниците од улиците „23″, „Октомври” бр. 42 во општината Аеродром, од 08.30 до 09.30 часот, корисниците од дел од село Студеничани во општината Студеничани, а од 9.45 до 10.45 часот корисниците од селата во општината Зелениково.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот