Утре без струја делови од општините Илинден, Студеничани, Карпош и Кисела Вода

струја

Заради планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа во Град Скопје, утре без струја ќе бидат делови од општините Илинден, Студеничани, Карпош и Кисела Вода.

Како што информираат од РЦУК, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од околината на Неце Петрол во Општина Илинден, во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од село Батинци (ул. „1″, „4″ и „7″), во Општина Студеничани, а во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од ул. „Миладин Поповиќ”, дел од ул. „Мирка Гинова“, Булевар Илинден згр.97, детска градинка „Росица”, објект на поранешна Американска Амбасада, Булевар Илинден бр. 90 и 92, како и градинката „Флораком” во Општина Карпош.

Во периодот од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Скупи” под улици „20″ и ул.„22″, Фирмите АДГ АБ, Бас Тути фрутии и Институтот за градежништво, Општина Карпош, во периодот од 08:00 до 14:15 часот, корисниците од ул. „Борис Трајковски” бр.10, „Каратошев Атанас”, „Карат”, ул. „Борис Трајковски” бб, Промедика ДООЕЛ Скопје, до Лукоил на Првомајска кај кружен тек Усје во Општина Кисела Вода.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 10:00 до 14:00 часот ќе имаат корисниците од дел од ул. „Његошева”, во Општина Карпош, во периодот од 08:30 до 13:30 часот корисниците од ул. „Иван Козаров”, дел од ул. „Боте Боцевски” како и дел од ул. „Доситеј Обрадовиќ” во Општина Кисела Вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот