instagram

„Бев нормален додека не ја запознав неа“: Водителката го претепала 13 години помладото момче (ФОТО)

Во домот на британската телевизиска и радио-водителка Каролин Флак се одвивала вистинска драма.

Нејзината куќа ја обиколиле полициски возила, а 40-годишната Каролин е уапсена и тоа бидејќи го претепала својето 13-години помладо момче, тенисерот Луис Буртон, пренесува Дејли мејл.

Водителката, засега од непознати причини, физички го нападнала тенисерот, пренесуваат изворите.

„Бев нормален додека не ја запознав неа“, викал шокираниот и повреден Луис кога полицијата стигнала во лондонскиот дом на водителката.

Очевидците откриваат дека пред куќата владеел тотален хаос. Поради тешките повреди Луис е однесен во болница, како и неговата „сакана“, која за време на инцидентот случајно се исекла на скршена чаша.

„Беше околу 5 наутро. Беше тотален хаос. Дојдоа шест полициски автомобили и едно комбе. Одев на работа и не знаев што се случува, сè додека соседот не ми кажа дека е уапсена. Таа е секогаш пријателски расположена и зборува со нас, се надевам дека работите ќе се средат“, рекол еден од соседите.

Поради тешкиот напад водителката наскоро ќе оди на судење, а би можела да добие и шест месеци затвор.

View this post on Instagram

You can leave your hat on … @mrlewisburton

A post shared by Caroline (@carolineflack) on

View this post on Instagram

❤️

A post shared by Caroline (@carolineflack) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот