Бесплатно возење на Жичарницата за повозрасните граѓани

Жичница на Водно: Фото: Архива

Повозрасните граѓани, односно жените над 62 години и мажите над 64 години, со приложување на лична карта или пасош, потоа децата без родители и родителска грижа до 18 год, како и сите деца до 6 години, можат да се возат бесплатно на Жичарницата од Средно Водно до врв на Водно.

 Освен посочените категории лица, право на бесплатен превоз по еден ден во неделата е дозволен за средношколците, учениците во задолжително средно образование и тоа во среда, а неопходно е да се легитимираат со ученичка книшка – објаснуваат од ЈСП „Скопје“.

Право на бесплатен превоз, само во четврток имаат и студентите, но притоа мора да приложат индекс или студентска легитимација. На младите пак без родителска грижа, кои се постари од 18 години им следува 50 отсто попуст на редовната цена на билетот.

Жичарницата работи секој ден освен понеделник и секој последен вторник во месецот, од 10 до 20 часот. Последното возење од Средно Водно кон врвот е во периодот од 19-19.30 часот , а во 19.45 часот е последното возење од врвот надолу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот