Бесими уверува дека пропаднатата еврообврзница не значи оти следниот пат ќе платиме повеќе

Фатмир Бесими, министер за финансии / Утрински брифинг, Фото: Драган Митрески - Слободен печат

„Следната аукција за деветтата еврообврзница на РС Македонија ќе биде на сума од 600 милиони евра. Инвеститорите кои претходно наддаваа за неа, се заинтересирани повторно да се пријават на аукцијата која ќе се реализира веднаш по изборот на новиот министер за правда. Постапката за повторување на аукцијата, од правен аспект е и во интерес на инвеститорите, додека тврдењата кои излегоа во јавноста дека ќе се плаќаат некакви пенали кон нив се невистините“, вели министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Објаснувајќи го одлагањето на издавањето на еврообврзницата во интервју за првиот програм на националниот сервис МТВ, Бесими посочи дека мислењето од министерот за правда не можело да се побара порано, бидејќи согласно процедурата од аукцијата на еврообврзницата до порамнувањето, односно издавањето на еврообврзницата, треба да изминат пет работни дена. Тој наведе дека постојано биле во контакт со институциите, агентите и инвеститорите и од аспект на запазување на процедурата, најоптимална одлука е потворување на аукцијата.

– Имаме одличен конзорциум на банки, кој веќе 20 години не поддржуваат на финансиските пазари. Бевме во комуникација со инвеститорите, тие беа информирани, информиравме и на платформата Блумберг и излеговме веднаш со соопштение за јавноста. Во ваква ситуација, најдобро за инвеститорите е повторно да се повтори аукцијата, отколку да се остави правен вакум дали важи тоа мислење или не. Доколку се издаде неважечки документ, тоа би било поголема штета и тоа инвеститорите го ценат – истакна министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот