Бериша ги повика сите во Албанија на генерален штрајк

Бериша / СП. архива

Поранешниот албански претседател, премиер и лидер на побројното крило на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, денеска од собраниската говорница повика на генерален штрајк.

Тој почна со повик до наставниците, универзитетските професори, па лекарите, а потоа и бизнисмените и студентите да излезат на протест и да почнат генерален штрајк, јави дописничката на МИА од Тирана.

-Само генерален штрајк е билетот за ставање крај на владеењето на оваа корумпирана влада. На штрајк, на штрајк, само штрајк, рече Бериша, кој повикот го упати и до сите албански граѓани.

Пратениците од владејачката социјалистичка партија го обвинија за поттикнување насилство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот