Белгиски премиер: Притискаме копче за пауза, цел е ограничувње на контактите

Фото: Профимедиа

Белгија денеска ги заостри рестриктивните мерки, што вклучуваат забрана за присуство на јавноста на спортски настани, затворање на тематски паркови, со цел да се сузбие Ковид-19. Премиерот рече дека целта е да се ограничат контактите што не се потребни.

Исто така, бројот на луѓе на културни настани е ограничен, така што ќе има најмногу 200 луѓе во театри, концертни сали и кина. Ограничувањата ќе бидат на сила до 19 ноември.

– Го притискаме копчето за пауза … Имаме една цел, а тоа е да ги ограничиме контактите што не се потребни, рече белгискиот премиер Александар де Кро на прес-конференција.

Белгија има втора највисока стапка на инфекција по глава на жител во Европа по Чешка, а кафулињата, баровите и рестораните се веќе затворени, а полицискиот час е воведен преку ноќ. Бројот на новозаболени вчера беше повеќе од 10.500. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот