Белгиска студија: Посиромашните болни од ковид-19 помалку споделуваат податоци за контактите пред заразата

Фото EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Една четвртина од овие лица одбива да дадат имиња и броеви на нивните пријатели, роднини и партнери, додека пак кај побогатиот слој граѓани оваа бројка паѓа под десет отсто.

Студија на Универзитетот во Антверпен покажува дека постои поврзаност помеѓу финансиската состојба во која се наоѓаат граѓаните позитивни на Ковид-19 и нивното прифаќање да споделат информации со властите за следење на нивните контакти, јави дописничката на МИА од Брисел.

Белгија, како и бројни други држави, се соочува со предизвикот да воспостави доверба кај граѓаните за таканаречениот „трејсинг” или следење на контактите на лицата позитивни на Ковид-19, посебно со оглед на тоа што Белгија не располага со мобилна апликација.

Според универзитетското истражување, триесет отсто од луѓето кои се наоѓаат во тешка финансиска состојба не сакаат да ги споделат нивните професионални контакти со властите и покрај сите гаранции за почитување на приватноста, објаснува Томас Нејсенс кој учествувал во студијата.

Една четвртина од овие лица одбива да дадат имиња и броеви на нивните пријатели, роднини и партнери, додека пак кај побогатиот слој граѓани оваа бројка паѓа под десет отсто.

Студијата утврдува и дека жените малку полесно ги споделуваат своите контакти со властите отколку мажите: половина од жените прифаќаат да кажат со кого поминале повеќе од петнаесет минути во последниот период, наспроти 35 отсто од мажите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот