Белгијка (90) одбила респиратор па починала: Чувајте го за некој помлад, јас имав добар живот

Фото: Profimedia

На Белгијката состојбата ѝ се влошила, откако ја примиле во болница.

Сузане Хојлаертс (90) од Бинком во Белгија пред две недели почнала да чувствува тешкотии при дишењето. Изгубила и апетит. Завршила во болница, а потоа починала од Ковид -19.

На Белгијката состојбата ѝ се влошила, откако ја примиле во болница.

„Госпоѓо, сега ќе ве ставиме на респиратор, тој ќе ви пумпа воздух во белите дробови за да ви биде полесно“, ѝ рекле лекарите.

Но госпоѓата Хојлаертс не сакала да слушне за тоа.

„Не, никако, не го сакам тоа, чувајте го за некој помлад, јас имав добар живот“, им одговорила.

Починала два дена подоцна.

„Не можев да се простам од неа. Не можев да ја видам и слушнам. Не можам да и одам  иту на погреб“, очајна е нејзината ќерка Џудит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот