16 C
Скопје

Белгија како никогаш до сега против организираниот криминал: 1.200 полицајци ангажирани во апсења и претреси

Белгиската полиција рано утрово почна голема операција против организираниот криминал низ целата земја, објави белгиското федерално обвинителство.

Околу 200 претреси во кои учествуваат повеќе од 1.200 полицајци беа организирани истовремено низ целата земја со 11,5 милиони жители, соопшти канцеларијата.

Портпарол на обвинителството рече дека претресите почнале околу пет часот наутро.

Локалната телевизија РТБФ јави дека претресите се вршат главно во областа Антверпен, а истражителите се насочени кон шверцери на дрога и мрежа со меѓународни врски.

– Ова е една од најголемите операции некогаш организирани на белгиска територија во однос на бројот на инволвирани лица, изјави портпаролот на обвинителството.

Со илјадници контејнери кои пристигнуваат секој ден во Антверпен, тоа белгиско пристаниште е едно од главните преку кои кокаинот влегува во Европа. Трговијата со дрога неодамна доведе до зголемување на насилството, со чести вооружени конфликти.

Прочитајте и...  Европол: Албанија главен извор на дрога, пратките со канабис се транспортираат главно по морски пат до Италија

Поврзани вести

ЕУ воведе санкции за официјални лица во Иран: Техеран одговори со прекинување на соработката

Слободен печат

Американската амбасада во Сараево нема да шпекулира за наводни изјави за територијални поделби

Слободен печат

Дачиќ: Не бев близок со семејството Милошевиќ, но не бев предавник

Слободен печат

77-годишен могилчанец уапсен откако им се заканувал на соселаните со пиштол

Слободен печат

Лукаревска: Најостро демантирам дека Дејан Смилевски имал каква било допирна точка со МојДДВ

Слободен печат

Рашковски вози џип вреден 74 илјади евра кој не фигурира во неговиот анкетен лист

Слободен печат

Остави Коментар