Бектеши најави дека пензиите во март ќе се зголемат за 8,4 проценти

Крешник Бектеши, министер за економија/Фото: Скриншот

По Одлуката за зголемување на минималната плата на 20 175 денари или 12 отсто, согласно одлуката на Владата од март 2022 година, со новата методологија за усогласување на пензиите, пензиите и во март ќе се зголемат за 8,4 проценти, од 17 666 на 19 150 денари, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.

Според Бектеши, Законот за изменување и дополнување на законот за пензиско и инвалидско осигурување предвидува нов начин на усогласување на пензиите, при што при пресметката на пензиското усогласување се земаат предвид зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата.

-Ова метода дава можност и за реално зголемување на пензиите во однос на платите, па со зголемувањето на просечната плата пензиите ќе продолжат да растат. Усогласувањето на пензиите во март според методологијата ќе се зголеми за 8,4 отсто (покачување на платите 6,1 и зголемување на трошоците за живот 10,6 проценти), со што просечната пензија ќе се зголеми од 17 666 на 19 150 денари, наведува министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот