Бекот на Ливерпул: За време на сезоната нe пијам, но затоа кога ќе заврши…

twitter/Andy Robertson

Одличниот фудбалер на лидерот во Премиер лигата, Енди Робертсон, имаше интересно интервју во кое зборуваше за животот надвор од теренот.

Енди Робертсон е незаменлив дел од првиот тим на Ливерпул кој се наоѓа на добар пат по 30 години да ја освои титулата во Премиер лигата.

– Кога сте фудбалер, тогаш се инвестирате во фудбалот. Кариерите ни се кратки и никогаш не сака да заврши на третман кај лекарите. Јас давам секогаш се од себе за да бидам подготвен за игра.

Секогаш внимавам што јадам и не пијам за време на сезоната. Но, кога ќе се заврши сезоната, немојте да ме сфатите погрешно, сепак јас сум Шкотланѓанец и во тие неколку денови одмор навистина уживам – вели Робертсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот