Беким искористил што немало еким

беким мемети затвор
Беким Мемети / КПУ Идризово / Фото: МВР, СП. архива / Колаж: СП.

Осуденикот се самоповредил расекувајќи ја левата дланка и бил преврзан во домската амбуланта, но не била побарана лекарска интервенција од брза помош за да се утврди дали повредите може да се санираат на самото место, туку по препорака на осудено лице, работно ангажирано во амбулантата, пристапиле кон дејства самоиницијативно да го однесат повредениот во Ургентен центар, велат од Обвинителството.

Несоодветни кадри на чело на институциите, пренатрупаност на затворите како безбедносен ризик, пристапот до здравствена заштита, образование, соодветни материјални услови за живеење, програми за ресоцијализација и услови за нивно имплементирање, постпенална помош, се дел од забелешките на Хелсиншкиот комитет во извештајот за состојбата во затворите во 2022 година, посочувајќи ја како пример најголемата казнено-поправна установа во земјава, „Идризово“. Токму од „Идризово“ осуденикот за убиство Беким Мемети, кој во затворско комбе, на пат кон ургeнтниот центар заради хируршка интервенција, избега откако претходно пукаше во затворски полицаец, ја наметна темата за состојбата во казнено-поправни установи.

Не само во извештајот на Хелсиншки, туку и експерти укажуваат на присутноста на корупцијата во затворите. „Корупцијата и митото се дел од животот на осудените лица, кои за тоа редовно нè информираат, но под страв да не ги загубат своите права и погодности во установата, формално не сакаат да ги пријават овие случаи. Повремени акции од државните органи со кои се откриваат недозволени предмети за кои стручната, но и општата јавност се запознаени дека ги има во овие седумте установи, се недоволни. Ножевите, острите предмети, мобилните телефони, дрогата и парите ќе ги има во казнено-поправните установи сè додека одговорните лица не ја сносат одговорноста за тоа. Во спротивно, не само корупцијата, туку и насилството меѓу осудениците и насилството од осудениците кон припадниците на затворската полиција ќе продолжи да биде честа практика“, сметаат од Хелсиншкиот комитет.

За повеќе од 1.000 затвореници само една лекарка и две медицински сестри

За последното бегство од „Идризово“, од Хелсиншки велат дека будно го следат постапувањето на надлежните и очекуваат одговорност и целосно расчистување на случајот. Особено што е повеќе од јасно дека Мемети ги искористил посочените слабости на системот, меѓу кои и таа дека само по неколку часови дневно има медицинска грижа за затворениците. Поради ова, тој ја искористил можност со самоповредување надвор од неколкучасовното работно време на медицинскиот кадар, да побара префрлување во Ургeнтниот центар во Скопје, што го искористил за бегство.

Здравствената заштита во установата, според нивниот неодамна објавен извештај за 2022 година, се спроведува преку една лекарка и две медицински сестри, кои се во установата само неколку часови во текот на денот, што не е доволно за установа што брои повеќе од илјада осудени лица со најразлични здравствени проблеми. Во препораките на Хелсиншкиот комитет се бара Министерството за здравство да обезбеди соодветен пристап до здравствена заштита за осудените лица.

Специјализираното одделение за гонење кривични дела, сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по бегството презеде истражни дејства против четворица припадници на затворската полиција што биле на смена кога се случи инцидентот.

– Постои основано сомнение дека осомничените, командир на надворешно обезбедување и тројца затворски полицајци вработени во КПУ „Идризово“, сториле кривично дело противзаконито ослободување на лице лишено од слобода – информираа од обвинителството. Осомничените, според Обвинителството, ги повредиле сите процедури за спровод до здравствена установа на осуденик што издржува затворска казна за потешко кривично дело. Осуденикот се самоповредил, расекувајќи ја левата дланка и бил преврзан во домската амбуланта, но не била побарана лекарска интервенција од брза помош за да се утврди дали повредите може да се санираат на лице место, туку по препорака на осудено лице, работно ангажирано во амбулантата, „пристапиле кон дејства самоиницијативно да го однесат повредениот во Ургентен центар“, велат од Обвинителството.

„Иако процедурите налагаат доколку осуденикот треба да се третира во здравствена установа, затворската служба да побара асистенција од МВР и возилото за спровод на осуденикот да биде придружувано од полициска патрола, тие не го сториле тоа, што претходно било случај кога истото осудено лице било спроведувано до одредена здравствена установа“, пишува во информацијата.

На тројца осомничени им е одреден притвор

Обвинителството утврдило и дека осудениот Беким Мемети бил сместен во средишниот дел на возилото, што е спротивно на прописите. Второосомничениот дал насока за рутата и возилото се упатило преку автопатот од Петровец кон Скопје. Кога се приближиле до бензинска пумпа на „Лукоил“, второосомничениот, кој седел помеѓу осуденикот и третоосомничениот, почнал да се преместува и свесно му овозможил на осуденикот да го искористи моментот и со лисици на рацете да му го земе службениот пиштол од закопчаната футрола. Третоосомничениот, кој бил без оружје, иако сето тоа го следел, не презел никакво дејство за да го спречи осуденикот да го репетира пиштолот и да започне да пука, барајќи возилото да запре, при што го повредил возачот и возилото застанало. Осуденикот ја отворил вратата, излегол од комбето и се качил во сиво ауди, кое во меѓувреме застанало пред затворското комбе.

Предметниот обвинител, заради непречено водење на кривичната постапка, предложил на тројца осомничени да им биде определена мерка притвор, додека на четвртоосомничениот да му бидат изречени мерки за обезбедување. Надлежниот судија го прифатил предлогот и на осомничените им определил мерка притвор во траење од осум дена, а на четвртоосомничениот му изрекол мерки на претпазливост забрана за напуштање на живеалиштето и привремено одземање патна исправа за минување на државната граница.

Ќе има смена на директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот