БДП со раст од 0,9 проценти во четвртиот квартал лани

Раст на БДП во Европа/ Фото: Архива на Слободен Печат

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2023 година е 0,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во четвртиот квартал лани поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво од 5,5 проценти и Финансиски дејности и дејности на осигурување од 3, 5 проценти.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2023 година, номинално расте за 5,8 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 70,9 проценти.

Во истиот период, според статистичките податоци, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 0,1 процент, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 5,3 проценти.

Бруто-инвестициите во четвртото тримесечје од 2023 година бележат намалување во делот на промената на залихите.

Минатата година, стапката на раст на БДП во првото тримесечје изнесуваше 2,1 процент, во вториот квартал 1,1 процент, а во третиот квартал 1,2 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот