Бавенди, Брус и Екимов добитници на Нобелова награда за хемија

Нобеловиот медал од 18-каратно злато - Фотографија ЕПА, Ангела Вајс

Нобеловата награда за хемија денеска им беше доделена на Мунги Бавенди, Луис Брус и Алексеј Екимов за нивната работа на мали квантни точки, наночестички толку ситни што нивната големина ги одредува нивните својства.

Денешното доделување на Нобеловата награда го најави Ханс Елегрен, генерален секретар на Шведската кралска академија на науките.

Квантните честички имаат уникатни својства и ја шират својата светлина во секојдневните уреди што ги користиме, на пример од телевизиски екрани и од LED светилки.

Шведската академија избрза: Ги прогласи нобеловците за хемија четири часа порано

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот