Баша: Албанија е лидер во Европа по стапката на смртност од ковид-19 меѓу лекарите

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, со последователниот видео-запис од серијата „сто неуспеси на Рама”, обвинува дека земјата е со највисока стапка на смртност кај лекарите, како последица ковид-19.

Во видеозаписот објавен на Инстаграм тој нагласува дека тоа е факт кој го зголемува бројот на неуспеси на Рама во изминатите осум години.

– Колкава е смртноста на лекарите од пандемијата во Албанија во споредба со европските земји? прашува тој и одговара: Највисока. Албанија има најголема смртност на медицинското тело, наведува Баша.

Официјалната ковид статистика потврдува дека во Албанија од почетокот на пандемијата, битката со ковид-19 ја изгубиле 46 здравствени работници, од нив над 90 отсто лекари, кои инфекцијата ја добиле на работното место.

Прва жртва меѓу „белите мантили“ беше професор доктор Арјан Пуши (58), познат хематолог, со бројни научни трудови, редовен професор на Медицинскиот факултет, кој почина на 30 јули, во Инфективната клиника во Тирана.

Според статистиката што ја објавува Министертвото вкупниот број почнати, како последица на ковид-19 во земјата е 2.045, но само на оние кои починале во болнички услови.

Во меѓувреме продолжува процесот на вакцинација, со кој до сега се опфатени 24.887, главно здравствени работници, потоа постари лица од 80 години, како и просветни работници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот