БАРАЖ ЗА ЕП: Пеналите кобни за Србија, Шкотска ќе игра на ЕП (ВИДЕО)

epa08816782 Scotland's players celebrate after winning the penalty shootout of the UEFA EURO 2020 qualification playoff match between Serbia and Scotland in Belgrade, Serbia, 12 November 2020. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Селекцијата на Србија не успеа да обезбеди пласман на Европското првенство откако во пенал рулетот загуби од Шкотска. Вистински трагичар е напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ кој го промаши последниот пенал во петтата серија.


Фудбалерите на Шкотска први поведоа, во 52. мнинута преку Кристи, а израмнувачкиот гол за Србија го постигна Лука Јовиќ во 90. минута.
Во судските продолженија подобар беше домаќинот, кој создаде шест шанси кон голот на Шкотска, но гостите успеаа да ја зачуваат мрежата и потоа преку пеналите да обезбедат пласман на ЕП кој ќе биде прв по 1996 година.


Фаворитската улога на хартија, не ја оправда ниту Исланд кој е поразен од Унгарија со 2:1. Исланѓаните поведоа во 11. минута со голот на Гулфи Сигурдсон, но во самиот финиш од натпреварот доживеаја вистински шок. Прво во 88. минута Него израмни на 1:1, а во втората минута од судиското продолжение Собошлаи постигна гол и ја однесе Унгарија на ЕП.

Репрезентацијата на Словачка во дополнителните продолженија од по 15. минути дојде до победата над Северна Ирска. Словаците поведоа во 17. минута преку Јурај Куцка во 17. минута, по што Северна Ирска израмни на 1-1 во 88. минута со автоголот на Мартин Шкринијар по што победникот мораше да се решава во продолженијата. Таму беше поуспешна Словачка која благодарение на голот на Дурис славеше со 2:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот