Балканска битка за златото: Српските ватерполисти преку Шпанија во финалето

Фото: EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Ватерполо репрезентацијата на Србија се пласираше во финалето на Олимписките игри во Токио со победата во денешниот полуфинален натпревар против Шпанија.

Србите направија голем пресврт во текот на мечот и на крајот триумфираа против Шпанците со конечен резултат 10:9. Играчите предводени од Дејан Савиќ ќе имаат шанса да го одбранат олимпиското злато освоени од Рио де Жанеиро во 2016 година.

Последниот период беше обележан со сомнителна одлука на судиите, кои при резултат 7:6, им го признаа голот на Шпанците по прегледувањето на видеото за „плус два“ на семафорот.

Шпанците неколку пати водеа со по три голови разлика, но позитивата не успеаја да ја задржат до самиот крај. Србија доминираше во последниот период, а Филип Филиповиќ беше херојот кој се погрижи за триумф.

Нивни ривал во завршната битка ќе биде Грција која ја елиминираше Унгарија со 9:6.

Грците за првпат во нивната историја на Олимписките игри обезбедија медал, досега нивни најдобар пласман беше четвртото место на Игрите во Атина 2004.

Финалето на Олимписките игри во ватерполо помеѓу Србија и Грција е на програмата в недела од 09.30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот