Балашевиќ пред смртта на семејството му пратил проштално писмо, еве какви упатства им дал

Instagram
Оливера и Ѓорѓе Балашевиќ / Фото: Инстаграм

Кантавторот Ѓорѓе Балашевик, пред смртта на семејството му оставил проштално писмо, за кое неговите најблиски дури сега одлучиле јавно да проговорат.

Ѓорѓе Балашевиќ погребан со звуците на неговата омилена песна „Оливера“

Семејството на непрежалениот пејач и кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ открило дека тој во аманет им оставил проштално писмо пред смртта, и тоа три месеци пред да почине, и што им порачал во него.

Сопругата Оливера, ќерката Беба и синот Алекса Балашевиќ гостувале во една ТВ-емисија и раскажале дека Ѓорѓе во ноември минатата година им пратил мејл и на тој начин се простил со нив. Беба признала дека ја нервирал тонот на кој нејзиниот татко пишувал, бидејќи им давал инструкции што и како да прават кога него повеќе ќе го нема.

„Тоа не беше список со барања, туку како песна на Киплинг. Никогаш нема да биде објавена бидејќи тоа е нешто помеѓу него и нас. Кога ја добив, не сакав да ја читам. Сите нас не подготви за тоа. Една од пораките беше како да се однесуваме кога „нападот на повраќање“ ќе го погоди неговото семејство, ни кажа како да се однесуваме кон неговото авторство. Ние сега тоа го спроведуваме, како човекот кој ни ги исполнуваше сите желби“, изјавила ќерката Беба, а неговата сопруга Оливера додала дека тој не си заминал разочаран, но ниту резигниран.

Познатиот српски кантавтор и пејач Ѓорѓе Балашевиќ почина na 19 февруари на 67-годишна возраст.

Почина Ѓорѓе Балашевиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот