Бајден: САД ќе донираат уште 500 милиони дози вакцини низ светот

Џозеф Бајден / Фото: ЕПА

САД следната година ќе донираат уште 500 милиони дози вакцини „Фајзер” на земјите во развој, најави денеска американскиот претседател Џо Бајден.

– За да ја победиме пандемијата овде, мора да ја победиме насекаде, истакна Бајден на виртуелен самит посветен на Ковид-19 на маргините на Генералното собрание на ОН, ветувајќи „арсенал вакцини”.

Со најавените дополнителни дози, вкупното количество на вакцини кои САД ќе ги донира низ светот ќе надмине една милијарда. Досега, тие дистрибуираа повеќе од 160 милиони дози во над сто земји.

Бајден објасни дека за секоја доза дадена досега во САД, Вашингтон се обврза дека ќе му даде уште три на остатокот од светот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот