Бајден најавува: Се надевам на состанок со Путин во јуни

Џо Бајден и Владимир Путин / Фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Американскиот претседател Џозеф Бајден се надева дека ќе се состане со претседателот на Русија, Владимир Путин во рамки на своето патување во Европа во јуни, пренесува Спутник.

На прашањето на новинарите во Белата куќа да објасни дали рускиот колега предложува состанок во јуни кога ќе патува во Европа на самитот на НАТО и Г7, Бајден одговори: „На тоа се надевам и очекувам. Работиме на тоа.“

Бајден претходно му предложи на Путин да се состанат во Европа за да разговараат за билатералните односи меѓу САД и Русија.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки соопшти дека засега е рано да се зборува каде ќе се одржи самитот, но се претпоставува дека тоа ќе биде на лето, како што потврди и Кремљ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот