ВИДЕО | Бајден: Можни се санкции лично против Путин доколку Русија ја нападне Украина

Џо Бајден и Владимир Путин
Џо Бајден и Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/PETER KLAUNZER

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека е можно да се воведат санкции лично за рускиот претседател Владимир Путин, доколку Русија ја нападне Украина.

На новинарско прашање дали е можно такво нешто во случај на руски напад врз Украина, Бајден одговори потврдно.

Американскиот претседател рече дека во блиска иднина би можел да префрли дел од 8500 американски војници кои се ставени на подготвеност, но вети дека американските војници нема да бидат распоредени во самата Украина.

САД генерално се воздржуваат од воведување санкции за странски лидери, а поранешниот претседател Доналд Трамп воведе санкции за венецуелскиот претседател Николас Мадуро во 2017 година и иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи во 2019 година.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот