Бајден доби тужба од албанско семејство „Поради него не добивме виза“

Џо Бајден
Џо Бајден / Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Претседателот на САД Џо Бајден е тужен од албанското семејство Мисљими, кое тврди дека иако е избрано за американска „виза за разновидност“ нивното барање сè уште не е разгледано, пишува Репортери.

Тужбата е поднесена против Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен, амбасадорката на САД во Тирана Јури Ким и директорот на конзуларните работи Морган Мајлс.

Семејството Мисљими тврди дека во јуни 2020 било избрано за добивање американска виза, но дека нивното барање за добивање виза не било разгледано, прво поради пандемијата, а дека подоцна центарот кој одлучува за секој случај го разгледал и нивниот но не ги ставил на листата на приоритети.

Албанското семејство тврди дека американските сојузни функционери не ги почитувале административните процедури и дека бара од судот да му нареди на американскиот Стејт департмент да го разгледа поднесувањето на барањето и добивање на визата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот