Бајден: ЦИА ја разоткри играта на Путин

Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Американскиот претседател Џо Бајден на вчерашното одбележување на 75-годишнината од формирањето на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), се заблагодари за „тивката храброст на американските шпиони”.

Тој истакна дека благодарение на ЦИА светот бил предупреден за плановите на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина.

– Благодарение на неверојатната работа на нашите професионалци за разузнавање, можевме однапред да го предупредиме светот што планира Владимир Путин во Украина. Откривањето на играта на Путин направи огромна дупка и ги дискредитираше неговите лаги за она што го правиме во Украина, истакна Бајден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот