Бајага го одложи концертот во Скопје: Ова нека биде недела на тишината

Фото; Принтскрин / Фејсбук / Авалон продукција

Популарниот музичар Момчило Бајагиќ – Бајага и „Авалон продукција“ го одложија концертот во Скопје кој требаше да се случи на 9 декември, поради трагичната смрт на тинејџерката Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

На официјалните фејсбук-страници на „Авалон“ и Бајага беше објавено целосното соопштение со кое концертот се одложува за 23 декември.

„Ова нека биде недела на тишината…во моментов сите ние oд „Авалон“, а сигурни сме дека и сите вие кои имате купено влезници за концертот на „Бајага & Инструктори“ чувствуваме едно исто: дека не сме способни за било какво славење на животот и музиката оваа недела, после тажните информации кои синоќа излегоа на виделина, а утрово се потврдија. Се одлучивме да го презакажеме концертот за нов датум не од аспект на некаква социјална одговорност, впрочем, концертот требаше да се одржи за 6 дена од сега и се разбира дека до тогаш животот нормално ќе продолжи. Уште помалку се одлучивме на овој чекор од некакви рационални причини, бидејќи влезниците се секако пред распродавање. На овој чекор се одлучивме од чисто човечки причини и на тоа не’ натераа: почитта према двајцата насилно починати, сочувството према нивните семејства и најблиски, но пред се’, тагата која во моментов ја чувствуваме, a e така видлива кај сите нас кои живееме во оваа држава“, пишува во соопштението.

Со концертот требаше да започне месецот на прослава на 30 години „Авалон продукција”. На оние кои не можат да дојдат на 23 декември парите за влезниците ќе им бидат во целост вратени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот