Баер Леверкузен е многу блиску до титулата во Бундес лигата

Баер Леверкузен доминира сезонава во Бундес лигата/фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Со ремито на Баерн Минхен со Фрајбург стана јасно дека порано или подоцна фудбалерите на Баер Леверкузен и математички може да бидат новите шампиони на Германија.

Играчите на тренерот Чаби Алонсо имаат историска шанса која не смеат да ја пропуштат, а доколку го победи Келн во недела ќе биде пред Баерн на дури „плус 10“ бодови.

Но, залихата од 10 бодови во Бундес лигата не е единствената добра работа, бидејќи преостанатиот распоред на Леверкузен го фаворизира и Чаби Алонсо.

Од тимовите блиску до врвот на табелата, само Дортмунд ќе му гостува на Баер Леверкузен на 21 април, но дотогаш тимот на Чаби Алонсо веќе може да ја освои титулата.

Важно е да се истакне дека Баер има многу добар распоред во наредниот период, по неделното гостување кај Келн, кој е во зоната за испаѓање, Волфсбург доаѓа во Леверкузен, потоа гостува кај Фрајбург, а потоа ќе го пречека Хофенхајм.

Април се отвора со гостување кај Унион Берлин, па Вердер Бремен пристигнува во Леверкузен. По гостувањето во Дортмунд, Баер го чека Штутгарт, гостува кај Ајнтрахт и Бохум и во последното коло го пречекува Аугсбург.

Јавноста и медиумите во Германија веруваат дека победата во Келн во недела ќе ја отвори вратата кон титулата и дека Баерн Минхен конечно ќе падне од тронот по 11 последователни сезони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот