ВИДЕО | Само бод за Баерн на гостувањето против Фрајбург

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Екипата на Баерн одново го разочара своите навивачи одигрувајќи само 2:2 против Фрајбург.

Фрајбург рано уште во 12. минута го отвори резултатот со голот на Гунтер. На десетина минути пред крајот на паузата Баерн со погодокот Тел со удар од далечина дојде до изедначување.

На 15-тина минути пред крајот Баерн дојде и до комплетен пресврт со голот на Мусиала кој погоди по еден одличен соло продор. Водството на баварците беше актуелно се до самата завршница кога Холер ги постави конечните 2:2.

На табелата Баерн има 54 бода, седум помалку од лидерот Леверкузен кој допрва треба да го игра натпреварот од ова коло и ќе има прилика со победа против Келн да оди на „плус десет“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот