Азербејџан се снабди со српско оружје, запленето од Ерменија

Армијата на Азербејџан / Фото: EPA-EFE/ROMAN ISMAYILOV

Противвоздушните пушки направени во српската фабрика за оружје „Застава Оружје“ во Крагуевац, кои Азербејџан ги заплени за време на неодамнешната војна во Нагорно-Карабах од ерменските сили, се додадени во националното вооружување на Азербејџан и прикажани на неодамна одржаната заедничка воена вежба со Турција.

Според веб-страницата Балканска безбедносна мрежа, видео снимката од вежбата вклучува советско повеќенаменско целосно амфибиско помошно оклопно возило MT-LB со автоматско противвоздушно и противавионско оружје од 20 мм, пренесува Еурактив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот