Автобусите на ЈСП ќе функционираат вообичаено, без временско ограничување

Фото: МИА

Од ЈСП информираат дека од утре, среда (27.05.2020 год) јавниот превоз ќе функционира вообичаено, односно без временско ограничување (од 5 до 24 часот, во зависност од линијата).

Автобусите ќе сообраќаат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.

Возниот ред е достапен на веб страницата www.jsp.com.mk.

Работно време на билетарници и центри за персонализација

Од 6 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, во ГТЦ, кај Пошта, во Аеродром, Ѓорче Петров, Ново Лисиче, Буњаковец, билетарниците на Зелен пазар, кај пазарот во Бутел, во Маџари, Кисела Вода, Драчево, како и билетарниците кај ЈСП Дирекција, во населба Даме Груев, во Сарај, кај Дом на печат и во Карпош 4.

Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Автокоманда (кај Шумарски факултет), Аеродром, Карпош 2, на Бит пазар и на Транспортен центар (автобусот).

Од 6 до 13 часот ќе работат билетарниците кај старото кино во Бутел, Лисиче, Радишани и во Железара.

Во истиот период ќе бидат отворени центрите за персонализација во Влае и во просториите на ЈСП Турс (Градски ѕид).

Оттаму потсетуваат дека и натаму не важат бесплатните средношколски билети, како и бесплатниот превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабоат и недела.

И натаму, укинати се трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи и Жичарницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот