„Австралија опен“: Одлична жрепка за Ѓоковиќ, пеколно за Рафа Надал во Мелбурн

фото: EPA-EFE/MATT TURNER

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, освојувач на девет титули на „Австралија опен“, во првото коло годинава ќе игра против Роберто Карбаљес Баена.

Ѓоковиќ во второто коло ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Боливиецот Делијен и квалификант, а прв носител на патот му е Григор Димитров кој стартува од Аслан Карацев. Ѓоковиќ во четвртфиналето ги избегна Медведев, Оже-Алијасим и Фриц, а го доби Рубљов, иако многу е можно таму да бидат Ник Кирјос или Холгер Руне.

Проектираната жрепка за Ѓоковиќ би изгледала вака:

1. коло Роберто Карбаљес Баена
2. коло Уго Далијен
3. коло Григор Димитров/Карацев
4. коло Пабло Карењо Буста/Де Минор
четвртфинале Руне/Рубљов/Кирјос
полуфинале Руд/Фриц/Зверев
финале: Надал/Медведев/Циципас/Оже-Алијасим

ВИДЕО | Се повреди ли Ѓоковиќ пред Австралија Опен?

Каспер Руне е проектираниот противник на Ѓоковиќ во полуфиналето, Норвежанецот во четвртфиналето ќе оди кај Американецот Фриц, а во тој дел од ждрепката се и Давидович Фокина, Беретини, Зверев..

Рафаел Надал од друга страна има тешка жрепка во Мелбурн како бранител на трофејот кој минатата година со 3:2 во сетови го совлада Данил Медведев.

Вака би изгледала проектираната жрепка за Надал:

1. коло Џек Дрејпер
2. коло Брендон Накашима/Мекензи Мекдоналд
3. коло Јошихито Нишиока/Хаиме Мунар
4. коло Френсис Тиафо/Карен Хачанов
четвртфинале Данил Медведев/Хуберт Хуркач
полуфинале Стефанос Циципас/Феликс Оже-Алијасим/Јаник Синер
финале Новак Ѓоковиќ/Каспер Руд/Андреј Рубљов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот