АСМЛ достави предлог-Декларација за ефективни здравствени политики за млади лекари и специјализанти

Во однос на запишувањето на факултет, Асоцијацијата бара зајакнување на уписната политика со воведување построги уписни критериуми, односно познавање на хемија, биологија, математика и логика.

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари – АСМЛ достави предлог-Декларација за ефективни здравствени политика за млади лекари и докторите специјализанти. Оттаму ги повикаа сите политички партии и кандидати за пратеници да се се заложат за поддршка и унапредување на правата и условите на малдите лекари и докторите специјализанти.

Меѓу 25-те точки кои се дел од оваа Декларација, АСМЛ бара изработка на здравствена државна стратегија за младите лекари за периодот 2020-2030 година, како и дефинирање и гарантирање на достоинствена минимална плата за младите матични лекари кои се ангажирани во примарното здравство.

– Закон за доктори кој ќе содржи минимално загарантиран коефициент за плата кој ќе се множи по последната просечна плата во државава на секои 3 месеци и истиот не треба да биде помал од 2,5 за општи лекари, 3 за специјалисти, 3,5 за специјалисти од Клиника, до 4 пати повеќе од просечната плата за професорите на медицински факултет. Платата за општи доктори да се субвенционира до тој износ доколку немаат доволно бодови во период до 3 години. Посебно издвојување на педијатрите и гинеколозите од системот на примарна заштита и нивна валоризација на ниво 2 од претходно споменатиот предлог погоре.  Вработување на најдобрите 3 студенти од генерација на факултетите во Скопје ,Штип и Тетово, се дел од барањата кои ги сочинува предлог-Декларацијата.

Со цел подобрување на квалитетот на идните млади лекари, АСМЛ предлага и неколку долгорочни мерки.

Во однос на запишувањето на факултет, Асоцијацијата бара зајакнување на уписната политика со воведување построги уписни критериуми, односно познавање на хемија, биологија, математика и логика. Бараат и задолжително интервју пред прием на факултет.

-Проект за вработување и избор на понудените специјализации на најдобрите 100 млади лекари по полагање на американските стандардизирани тестови во март. Останатите 50 на листата имаат право да одберат од преостанатите специјализации , за кои би плаќале , но би добивале надоместок за нивната работа еднаков на првите 100. Сите 150 задолжително би работеле по 1 платена година во дефицитарни здравстени капацитети каде има потреба и услови, се барањата на АСМЛ при уписот на младите лекари на специјализација.

Освен тоа, Асоцијацијата предложува и воведување на систем „еден специјализант – еден пациент“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот