Асфалтирана улицата 23 во Волково

Фото: ЈП „Улици и патишта“

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ работат на асфалтирање на улицата 23 во населеното место Волково која е во должина 120 метри и широчина од 3 метри на вкупна површина од 360 квадратни метри, информираат од јавното претпријатие.
– Досега во Волково асфалтирани се улица 3, улица бб, ул.73 и улица 21 на вкупна површина од околу 1700 квадратни метри. Градежните активности продолжуваат на следната улица број 77 во Волково. По налог на Град Скопје, а во корелација со општина Ѓорче Петров екипите на ЈП „Улици и патишта“ и во наредниот период ќе продолжат со асфалтирање и на останатите локални улици во населените места Волково, Ново Село и Стопански Двор согласно предвидената динамика – стои во соопштението од ЈП „Улици и патишта“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот