Асанж се враќа во САД: Британија ја отфрли жалбата на одлуката за екстрадиција

Џулијан Асанж / Фото: Твитер

Џулијан Асанж не доби дозвола да поднесе жалба до Врховниот суд на Велика Британија против потезите за негова екстрадиција во САД, соопштија денеска судот и Викиликс.

Врховниот суд рече дека неговата апликација „не покрена спорна правна точка”. Викиликс соопшти дека министерката за внатрешни работи на Велика Британија, Прити Пател сега ќе одлучи дали да го одобри барањето.

Американските власти го обвинуваат Асанж за 18 точки од обвинението, бидејќи Викиликс објави голем број доверливи американски документи, кои, според Вашингтон, загрозувале човечки животи.

На 10 декември, САД го добија спорот за екстрадицијата на Асанж пред Високиот суд во Лондон.

Асанж негираше дека сторил какво било кривично дело, а од 2019 година е во британски затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот