Арсовски: Македонија има најголема смртност од коронавирусот во регионот

димче арсовски

Во емисијата „Само Вистина” вечерва гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски кој што посочи дека СДСМ не е фактор за да си игра и да уценува со здравјето на граѓаните за да се одржат изборите.

-Претседателот Мицкоски во своето јавно излагање го сподели ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на тоа прашање за изборите на 21 јуни, кој и да е датум во јуни што планираат од СДСМ. Морам уште еднаш да потенцирам јавно иако граѓаните веќе го имаат слушнато тоа од мене и од мојата матична партија, од луѓето од кај нас кои што излегуваат во медиумите, СДСМ повеќе не е фактор да уценува и да си игра со здравјето на граѓаните, со чувствата на граѓаните- истакна Арсовски.

Првата вонредна состојба во Република Македонија, рече Арсовски, од страна на државниот врв е прогласена на 18-ти март. На 17-ти и 18-ти март веќе се одлучува да изборите бидат одложени.

-Мислам дека и во СДСМ заборавиле, но ќе ги потсетам дека на 18-ти март имаше само четворица новозаболени од корона вирусот. И тогаш беа одложени изборите. Сега во моментов, денеска гледаме дека има 40 новозаболени притоа тогаш немало починати тој ден кога се одложиле изборите, а денес има еден починат, вчера четворица. Затоа очигледно е дека таму се работи за една офанзива која што сакаат да ја наметнат во јавноста дека треба да се оди на избори, единствено за да се обидат да го намалат поразот кој ги следи- потенцира Арсовски.

Арсовски образложи дека ќе се оди на избори кога ќе се изполнат условите на правата лидерска средба предложени од Мицкоски, а беа прифатени. Условите беа Комисијата за заразни болести да излезе да каже дека може да се одржат избори., ОБСЕ/ОДИХР, ДИК да излезе со свое мислење и да се усогласи датум за избори со консензус.

Арсовски потсети дека во Македонија има најголема смртност од корона вирусот во регионот.

Арсовски додаде дека во Македонија на 400-500 тестови дневно каде што половина од тие се дел од скринингот на градинките. Затоа на некои 250 до 300 луѓе има 40 заболени од вирусот. Тоа би било дневно над 10% заболени.

-Верувам дека седум дена имаше прилика да се распрашаш и да се запознаеш со случајот и уште еднаш би сакал да те прашам бидејќи седум дена молчи вашата пи-ар служба, вашата партија, вашите функционери, Владата молчи. Еве да те прашам уште еднаш дали праша поради која причина, зошто била задолжена владата да даде две лиценци на веќе познати фирми од струмичко-го запраша Арсовски соговорникот Костадинов.

Притоа Арсовски потсети дека едната фирма е на Тони Котев претседател на СДСМ, Ново Село, и добил лиценца за одгледување на марихуана во време на вонредна состојба. Втората фирма е каде што менаџер е исто роднина на Тони Котев, и воедно и син на осуден градоначалник за шверц со цигари и близок пријател на Зоран Заев, Боро Стојчев.

Арсовски посочи дека само во првото тромесечие Македонија има буџетска дупка од над 200 милиони евра. Во истиот тој прв квартал реализацијата на капитални инвестиции е околу 9% односно околу 50 милиони евра.

-Дали ти ќе сносиш одговорност во време на кампања доколку има еден заразен или еден починат од корона вирусот, дали од твојот тим, дали од граѓаните кои што ќе излезат на гласање или со кои што ќе се сретнеш ? Дали ќе имаш одговорност и дали подоцна ќе сносиш јавно одговорност за барем еден заразен или починат во време на изборна кампања-го запраша Арсовски неговиот соговорник Костадинов.

Костадинов го избегна прашањето и не сакаше да одговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот