Арсовска: Ќе следи тужба за обвинувањата поврзани со спортската сала „Расадник“

Данела Арсовска
Данела Арсовска / Фото: Фејсбук, Данела Арсовска

Откако вчера пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски ја обвини кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска за неплатен електричен долг во висина од 54.000 евра, за спортската сала Расадник, под раководство на две фирми на кои таа била управител и сопственик, денеска Арсовска рече дека тоа се лажни обвинувања предизвикани од страв од неуспех.

-Јас имам над 20 години работно искуство и во сите овие 20 години години работам како економист. Обвинувањата дојдоа точно еден час по прес-конференцијата на која кажав дека ќе се ревидира се што е направено во Град Скопје и оние што потрошија четири буџети во четири години ќе имаат одговорност. Стравот и нервозата се тие што предизвикаа некој да излегува со лажни обвинувања за што ќе следи соодветна тужба. Јас немам намера на два дена пред избори односно пред моментот Скопјани кога одлучуваат, да се објаснувам со луѓе кои бесрамно лажат. А стравот срамот и ова безобразие скопјани го гледаат. Она што мора да се знае дека 42 години немам никаква дамка професионално и доколку би имала не би се впуштала во трка да се натпреварувам. Затоа ќе си следи тужбата денеска за овие кои што лажат и манипулираат и кои 42 години немаа ништо да кажат лошо за мене и сега токму го вадат зошто се уплашени дека ќе им го ревидирам работењето, рече Арсовска. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот