АРМ го одбележа денот на Првата механизирана пешадиска бригада

фото: арм.мил.мк

Со свечено дефиле, културно забавна точка од ученици во центарот за изучување на македонскиот фолклор „Митеви” од Скопје, како и тактичко технички збор, Првата механизирана пешадиска бригада која е најголемата борбена единица во армијата, го одбележа денот на единицата.

Началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски честитајќи им го празникот на припадниците на 1.мпбр, истакна дека Генералштабот на армијата целосно е во функција на потребите на бригадата и на сите потчинети команди и единици со цел исполнување на највисоките стандарди на НАТО, каде што, како што рече, веќе де факто сме членка.

Според командантот на бригадата, полковник Драган Ковачки, ова е ден кога треба да се потсетиме на жртвувањата на претходниците на оваа бригада кои придонеле за постигнатото и традициите за бригадата.

-Ние, припадниците на 1. мпбр, својата иднина мора да ја градиме цврсто убедени дека аманетите на нашите претходници и лекциите од минатото мора соодветно да ги вреднуваме, бранејќи ја татковината и почитувајќи ги различностите, затоа што нема почесен позив од војничкиот, нити пак посвета должност од одбраната на сопствениот народ и татковина, истакна полковникот Ковачки.

На свеченоста, по повод денот на единицата, беа доделени повеќе стимулативни мерки за припадниците на бригадата, како и за поранешните команданти на бригадата на кои од страна на началникот на Генералштабот им беа доделени златни значки на армијата за партнерство, координација и соработка, а беше прогласена и најдобра единица во бригадата.

Втори април е одреден за Ден на 1.мпбр, како датум на кој овааа единица е трансформирана согласно последната организациско-формациска армиска структура и превземање на задачите и одговорностите на двете поранешни бригади, со што стана најголемата борбена единица со застапеност од повеќе армиски родови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот