Арапските нации со осуда за намерата на Нетанјаху за анексија на дел од окупираниот Западен брег

Арапските нации го осудија планот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за анектирање на дел од окупираниот Западен Брег.

Нетанјаху вчера објави план за анексија на долината Јордан, голем дел од Западниот Брег, доколку победи на изборите следната недела.

Официјални лица од Јордан, Турција и Саудиска Арабија остро го критикуваа тој потег, додека Арапската лига го оквалификува како „агресија”.

Палестинскиот дипломат Саеб Ерекат рече дека анексијата би била „воено злосторство” и „ќе уништи какви било шанси за мир”.

Израел го окупира Западниот Брег во војната во 1967 година, а Палестинците сакаат да го добијат тоа подрачје во идната држава. Нетанјаху порано инсистираше на тоа дека Израел секогаш ќе биде таму од безбедносни причини.

Прочитајте и...  „Фортонмка": Цените на становите ќе останат стабилни, освен во Центар и Карпош

Арапската лига објави дека планот на Нетанјаху ќе го наруши меѓународното право и ги „торпедира” темелите на мирот.

Високата палестинска претставничка Ханан Ашрави смета дека Нетанјаху „не само што го уништува планот на две држави, туку и сите шанси за мир”.

Министерот за надворешни работи Ајман Сафади го нарече планот „сериозна ескалација” и предупреди дека „може да го втурне целиот регион во насилство”.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го опиша потегот на Нетанјаху како „расистички” и го критикуваше израелскиот премиер за „испраќање нелегални и агресивни пораки” пред изборите.

Израелските политички коментатори го гледаат планот на премиерот, објавен во говорот што се пренесуваше во живо на водечките израелски телевизиски канали, како обид да се одврати поддршката за екстремно десничарските противници, кои долго време се залагаат за анексија на еврејските населби на Западниот Брег.

Прочитајте и...  Андоновиќ: Коронавирусот покрај економски и политички ќе влијае и врз геостратегијата и безбедноста во светот

„Денес ја објавувам намерата да ставам под израелски суверенитет по формирањето на новата влада на долината Јордан и северното Мртво Море”, рече Нетанјаху, нарекувајќи ја областа „источна граница на Израел”.

Тој додаде дека потегот ќе следи „веднаш по изборите, ако вие, граѓаните на Израел, за мене обезбедите јасен мандат”.

Околу 65.000 Палестинци и 11.000 израелски доселеници живеат во долината Јордан и на бреговите на северното Мртво Море, според податоците на израелската група за човекови права Б’Тселем. Главната палестинска област е Ерихон, која има околу 28 села и помали бедуински заедници.

Прочитај повеќе

ОФИЦИЈАЛНО: Потврден првиот случај на коронавирус во Македонија

Слободен печат

Прес-конференција на Спасовски, Филипче и Караџовски во Владата (ВО ЖИВО)

МИА Агенција

ДИК ги повика граѓаните да извршат увид во Избирачкиот список до 11 март

Слободен печат

Потврден коронавирус во Македонија

Слободен печат

Во Подгорица превентивно поставени шатори поради коронавирусот

Слободен печат

Трамп ги продолжи санкциите против Кремљ

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

На 1ви Март започнува новата наградна игра на Макпетрол, „ВЕРНА секогаш со Вас!“

Слободен Печат

Министерот Адеми на чело на владината делегација на одбележување на годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски во Мостар

Слободен печат

Трамп: САД се во одлична форма и покрај лажните вести кои се обидуваат да предизвикаат паника на берзите

Слободен печат

Вонредна состојба во Сан Франциско поради коронавирусот

МИА Агенција

Царовска: За 2,5 години вложени над 100 милиони евра во странските и во домашните компании

МИА

Ангеловска: Рано е да се зборува за последиците врз нашата економија од коронавирусот

Слободен печат