Апсолутно нема начин од Македонец да направиш Бугарин, тоа се два различни идентитетски кодови

Обраќање на претседателот Стево Пендаровски во Собрание/Фото: МИА

Во годишното обраќање во Собранието, претседателот Стево Пендаровски, говорејќи за поделбите во општеството околу модифицираниот француски предлог и стравот од идентитетска закана, за Македонците и македонскиот јазик, порача дека апсолутно не постои начин од Македонец да направиш Бугарин, осврнувајќи се на тезата дека само како Бугари можеме да влеземе во Европската Унија.

Според него, на масовните протести во текот на летото беше создадена атмосфера на жестоки политички тензии во земјата и перцепција во дел од јавноста дека тоа е судбинска дилема да се биде или не за нацијата и државата и дека наводно носиме одлука која ќе ја дефинира судбината на идните генерации Македонци и македонски граѓани

– Тоа се два различни идентитетски кодови, два различни народа со своја специфична етногенеза. Во историјата нема таков пример, со договор да му биде сменето националното чувство на цел еден народ. И по пет месеци, длабоко сум убеден дека ставот кој го изнесов на 3 јули оваа година дека одлуката да го прифатиме модификуваниот француски предлог не е ниту историски триумф, ниту историски дебакл и денес може да издржи аргументирана критика. Притоа, одбивам да поверувам дека политичка цел или приоритет на претседателот на Франција или на пример, на германскиот канцелар им е да го обезличат македонскиот народ за како Бугари да не внесат во Европа, рече Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот