Апасиев: По сила на Устав сум должен да не ги примам попишувачите дома во сред епидемија

апасиев
Димитар Апасиев, лидер на Левица

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев преку Фејсбук статус го искажа своето мислење за Законот за попис на населението кој денеска беше изгласан во законодавниот дом.

– Законот за попис во сред пандемија и прогласена кризна состојба е спротивен на чл. 39, ст. 2 од Уставот на РМ: „Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите“!
Значи, јас, по сила на Устав, сум должен да не ги примам попишувачите дома во сред епидемија, оти може да ме заразат со коронавирус, напиша Апасиев.

Директен, како и секогаш, Апасиев упати остри критики и напиша дека можеби ќе го оспори законското решение пред Уставниот суд.

– Да немавме Кацарска-судство, ќе ви паднеше како круша на Уставен суд. Ај, ако имам време деновиве, може и ќе ви го оспорам – чисто да ги тестираме ставовите на нашите „угледни правници“ и да се смееме со студентите на вежби за вашите експертутски правни мислења, вака тој го заврши својот Фејсбук статус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот