Анти-ковид мерки во Србија: Угостителските објекти и трговските центри од денеска ќе работат до 18 часот

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Од денеска стапуваат во сила новите мерки на Владата на Србија што беа донесени во насока за спречување на ширењето на коронавирусот и ќе траат 10 дена.  

До 3 декември, работното време на угостителските објекти (ресторани, кафулиња, барови, клубови), како и трговските центри, театрите, кината и други културни институции, како и приредувачи на специјални и класични игри на среќа, ќе биде ограничено до 18 часот. Продавниците и другите малопродажни објекти ќе бидат отворени до 21 часот.

Аптеките, бензинските пумпи и угостителските објекти што доставуваат храна, ќе работат без ограничувања.

Сите продавници кои не се наоѓаат во трговски центри, како што се бутиците во белградската улица „Кнез Михајлова” или фризерниците во соседството, но и многу занаетчии, ќе можат да работат, како и во претходната одлука, до 21 часот, изјави за „Блиц” градскиот секретар за  одбрана, вонредни ситуации, комуникација и координација на односите со граѓаните Дарко Главаш.

Тој, исто така, изјави дека по 18 часот, а најдоцна до 21 часот, ќе можат да работат банките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот