Англија закажа два контролни натпревари пред Евро 2024

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Фудбалската репрезентација на Англија која беше еден од противниците на Македонија во квалификациите, закажа две пријателски средби пред настапот на Европското првенство во Германија.

Избраниците на селекторот Герет Саутгејт ќе тестираат против селекциите на Босна и Херцеговина и Исланд.

На „Ст. Џејмс Парк“ во Њукасл Англичаните ќе ја пречекаат БиХ на 3 јуни, а четири дена подоцна на „Вембли“ ќе играат против Исланд.

Босанците и Исланѓаните и натаму се во трка за пласман на континенталниот шампионат, следниот месец БиХ ќе игра против Украина, додека Исланд за противник го има Израел.

Потсетување дека Англија на Евро 2024 е во групата „Ц“ заедно со репрезентациите на Словенија, Данска и Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот