Ангеловски: На Твитер има добри сатиричари, но ја преминуваат црвената линија

Гостин во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ утрово е Марјан Ангеловски, писател на сатира, добитник на награди, кој вели дека нема доволно простор за објавување на сатирични текстови, но дека треба да се биде упорен.

-Почнав во „Остен“, таму имаше рубрики за афоризми и сатира. Имаше конкурс, испратив афоризми и ми ги објавија, па и рубрика ми доделија. Продолжив по фестивали, каде освоив награди. Влегов во сатирата преку афоризмите, почнав да пишувам и драми и да соработувам во тв емисии- вели Ангеловски.

Сега е поголема слободата, но се уште нема доволно простор за овие жанрови, вели Анегеловски.

-На Твитер многу се претерува, ретко објавувам. Во принцип сатирата има црвена линија која не треба да се премине. Некогаш на Твитер оди и под таа црвена линија на навреда. Модерната сатира треба да е послободна од претходно. Знам дека нема доволно простор и се ограничува слободата- изјави Марјан Ангеловски, писател на сатира.

Тој во разговорот со новинарката Бубевска прочита и неколку свои афоризми, за бракот и пијанството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот