Ангеловска: Позитивен придонес за буџетот ќе даде зголемувањето на минималната плата

Премиерот Зоран Заев кој вечерва заедно со министерката за финансии Нина Ангеловска гостуваше во емисија на Македонската телевизија рече дека буџетот за 2020 година е скроен на едно оптимално ниво и оти проекциите се резултат на добрите економски политики.

– Растот на економијата е основ за проектирањето на буџетот. Како расне БДП и сите економски перформанси, така се димензионира буџетот. Растот се движи многу реално, многу логично без разлика дали има изборна година или не- рече Заев, додавајќи дека во првото полугодие од годината растот бил 3,6 проценти, а очекувањата се дека третиот квартал ќе има подинамично темпо на економски раст и развој.

Министерката Ангеловска очекува да се остварат проекциите на приходната страна која, како што рече, е проектирана на 5,6 проценти и е помала во однос на претходните години.

Прочитајте и...  Од Грција за Финска заминаа 24 деца бегалци без придружба

– Кога зборуваме за тоа дали ќе се наполни буџетот, мора да споменеме дека намалените даночни ослободувања кои беа воведени во 2019 година, остануваат и тие ќе дадат позитивен придонес. Позитивен придонес ќе даде и зголемувањето на минималната плата. Од друга страна, растот на платите во економијата ќе даде позитивен придонес- рече Ангеловска.

Говорејќи за економските политики, Заев напомена дека е стабилизиран Фондот за ПИОМ, зголемени се платите во делот на образованието и здравството, а очекувањата се дека ќе има и над 80 проценти реализација на капиталните инвестиции.

– Сето тоа не е направено со заеми, туку со сопствени пари- подвлече Заев.

Во однос на тоа дали случаите со непотизам нанеле штета, Заев рече дека ваквите случаи нанеле штета и на поединци и на политиката, но оти разликата е во тоа што сега власта знае да се корегира и транспаретно да дискутира.

Прочитајте и...  Наскоро договор за квота на жени на високи функции во Германија

– Порано зарем немаше непотизам? Никој од никаде не се повлече. Порано луѓето шепотеа. Страв им беше да кажат. Денеска има слобода и демократија. Има големи разлики. Не велам дека сме сјајна власт, имаме свои предности и свои слабости- рече Заев, одговарајќи на прашањата од новинари кои учествуваа во емисијата на Македонската телевизија.

Прочитај повеќе

Демонстрантите се повлекоа, полицијата го опколи Собранието во Белград (ВИДЕО)

Слободен печат

Светски aгенции: Екстремистите со нападите ја предизвикаа полицијата и немирите во Србија

Слободен печат

Стефановиќ: Обид за насилно преземање на власта

Слободен печат

Шекеринска: Изјавата на Меркел е потврда дека сме на прав пат и можеме

Слободен печат

Мицкоски: Пред голема победа сме, заминува срамното и понижувачко време

Слободен печат

Вулин: Државата мора соодветно да одговори на насилството

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Јеремиќ: Власта пушти хулигани да прават нереди и да предизвикуваат судири

Слободен печат

Села: Куманово е со раните на Алмир, ние ќе се бориме секој Албанец да добие држјавјанство со Алиајнса за Албанците

Слободен печат

Ахмети: Мислиш срцето си им го откорнал за некое унапредување на Албанец

Слободен печат

Грција ублажи уште некои мерки воведени поради епидемијата од коронавирус

Слободен печат

Тачи в понеделник заминува во Специјалното обвинителство во Хаг

МИА Агенција

Полицијата во Белград ја презеде контролата врз главните пунктови околу Собранието

Слободен печат