Aндоновиќ: Решена последицата останува проблемот – сите страни задоволни

фото:курир.рс/Немања Николиќ

Единаесеттата ноќ од протестот на Јариње помина мирно, и не беше регистриран ниту еден инцидент. Силите на на специјалната единица Росу се уште се на своите позиции, Србите остануват и денеска на своите барикади и уште го држат автопатот под блокада. Тие остануваат тука во пресрет на сабота наутро, кога треба да започн имплементацијата на договорот утврден во Брисел.

Ова за српските медиуми го соопштија преставниците на Српската листа,на Косово кои синоќа го посетија Јариње. Тие им се заблагодарија на Србите кои протестираат овде за нивното трпение, и им се заблагодарија за единството и храброста. Тие беа повикани да останат смирени до сабота. Примената на системот за налепници, кој исто така беше договорен во Брисел, ќе започне овде од понеделник – изјавија претставниците на Србите од Косово.

Вчера во посредство на ЕУ и меѓународната заедница беше постигнат договор за деескалација меѓу Белград и Приштина, по дводневни интензивни преговори. Двете страни се согласија да се повлечат РОСУ од Јариње и Брњак, и во исто време да ги отстранат барикадите на 2 октомври.

Од 4 октомври ќе се воспостави режим на налепници на налепници, како привремена мерка пред конечното решение, за што ќе се дискутира во Брисел.

Договорот се состои од три точки кои опфаќаат повлекување на косовските специјалци од граничните премини Јариње и Брњак најкасно до утре. На нивно место да се распоредат силите на КФОР кои во наредниве две недели ќе ја контролираат безбедноста и непречениот проток на граѓаните низ овие два гранични премини.

Проблемот со таблиците како времено решение ќе биде со ставање на специјални налепници при влез од Србија на Косово, а во меѓувреме ќе се разгледаат европските искуства за решавање на овој проблем.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ оцени дека постигнатиот договор во Брисел за регистраските таблички е „апсолутно најмногу што можеше да се постигне” и дека тоа е добар резултат за Србија, иако дефинираше и одредени негативни аспекти од договореното.

Вучиќ не пропушти да се пофали дека Србија демонстрирала силна одлучност да ги заштити интересите на своите сонародници кои живеат на северот на Косово. Косовскиот премиер Албин Курти рече дека, со договорот со српската страна за решавање на последниот спор по воведувањето на времените таблички за возилата кои влегуваат од Србија, Косово воспостави реципроцитет во однос на тој проблем, а со истото, како што порача, соседната држава ќе се соочува и во иднина.

Курти на својот Фејсбук напиша дека условите кои ги поставил српскиот претседател Александар Вучиќ за решавање на кризата по одлуката на Владата во Приштина за воведување времени регистерски таблички за возилата, се одбиени, по што Белград, како што вели, „ќе се навикнува на реципроцитет”. Меѓународната заедница засега задоволна од постигнатата деескалациија. Таа покажа дека сепак кога одлучно ќе настапи, може да има позитивно влијание во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот