Анчелоти се повеќе му верува на Елмас (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас  се повеќе се наметнува кај тренерот на Наполи, Карло Анчелоти. Елмас беше дел од стартната постава на Наполи кој со 4:;1 триумфира на гостувањето кај Лече во рамките на четвртото колко од Серија А.

Елмас настапи до 74. минута кога беше заменет со Хозе Каљехон, а Наполи имаше сигурна предност од 3:0 со головите на Љоренте., Инсиње и Руиз. До крајот погоди уште еднаш и Љоренте, а Маноску од пенал го постигна единствениот гол за Лече.

„Римската волчица“ ја шокиура екипата на Болоња со гол во судиското продолжение. Рома славеше со 1:2 на гостувањето кај Болоња благодарение на голот на Един Џеко во 93. минута. Претходно погодоците ги постигнаа Александар Коларов за Рома и и Никола Сансоне за Болоња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот